
Кеси Мартин започнува да свири гитара на 5 годишна возраст. По обуката во Конзерваториумот на Орлеанс, таа влегува во класата на Жерар Абитон - Париз, кај кого студирала 4 години. На 17 години, таа продолжува во класата на Оливие Шасеин во CNSM во Париз, каде што магистрирала за изведувачки уметности во 2024 година.
Во 2020 година, таа е една од уметниците на Eurostrings со што и се отвора патот за европската сцена. 2022 година и 2024 година, таа учествува на „Un été en France 2022“ на Gautier Capuçon" турнеја.
Во 2023 година, таа е избрана од Серџо Асад да ја претставува Франција во неговиот проект „Жената и гитарата“.
На 22 годишна возраст, таа ја добива наградата ICMA-Classeek - 2024 и е добитник на бројни меѓународни натпревари, најново: прва награда на натпреварот GuitArt Plovdiv 2023 година (Бугарија); прва награда на the Silesian Guitar Autumn 2022 година во Полска; прва награда на форумот Гитара Виена 2022 година во Австрија; прва награда на меѓународниот натпревар по гитара во Тајван 2022 година, прва награда на Alirio Diaz International Competition 2022 во Австрија; трета награда на Antony International Guitar Competition која се одржува во Франција; трета награда на Paris International Guitar Competition 2022 година.
Кеси Мартин има учествувано во многу значајни фестивали низ светот: Аргентина, Кина, Кореја, Мароко, САД, Тајланд, Германија, Австрија, Полска, Италија, Португалија, Шпанија, Бугарија, Словачка, Унгарија, Романија, Белгија ... со репертоар кој се движи од рана до современа музика. Своите најголеми изведби ги има со оркестри во Франција и Полска.
Кеси е уметник на "Savarez", додека свири на гитара од Лутиер Даниел Фридерих
