Џими Лиу е роден во Тајван. Магистрирал на школата Истман за музика на Универзитетот во Рочестер, Њујорк и учел со добро познати гитаристи, вклучувајќи ги маестро Оскар Гиља, Шин-ичи Фукуда, Проф. Николас Голусес и Проф. Минг-чиен Фанг.

Во 1993 година, Џими се запишува на Националниот универзитет за уметности на Тајван со најдобар приемен испит, отсек класична гитара. Универзитетскиот оркестар го избира Џими за изведба на заеднички концерт, а подоцна и дипломирал како првенец во својата класа од 1997 година.

Во 1999 година исполнува услови за стипендија со која и се запишува во музичкото училиште Истман.

Покрај рецитали и ансамбли, Џими често е покануван да настапува заедно со разни оркестри со кој ја претставува радио програмата „Звукот на гитарата“, која е номинирана за награда на националното радио на Тајван (награда златно ѕвоно)“ во 2014 година. Џими со својот репертоар има учествувано во многу земји во светот, а моментално предава во „Националниот универзитет за уметности“ во Тајван, каде е и уметнички директор на Меѓународниот фестивал и натпревар на гитара во Тајван од 2012 година.

Jimmy Liu 01   Jimmy Liu 01

Награди:

  • Второ место на „Натпреварот за гитара во Саинц де ла Маза 1994 година“.
  • Прво место на „Националниот натпревар за гитара на Тајван 1996 година“.
  • Добитник на наградата (NTAA 1996) Награда за Концертен натпревар.
  • Прво во место на „Taiwan Guitar Duo Contest“ и второ место во „ Taiwan Guitar Solo“ во 2002 год.
  • Второ место во 2003 Concorso Chitarristico Internazionale, Италија.
  • Второ место на „Меѓународен натпревар по гитара во Хермуполис, Грција, 2003 година“.
  • Почестен со Награда за извонреден алумус во 2003 година во Националниот тајвански универзитет за Уметности.
  • Второ место на „Меѓународен натпревар за композиција на гитара во Волос - Грција 2004 година.